Скопје
Нов лик за „Бамби“, подобрени услови за најмалите
Објектот „Бамби“ во рамките на детската градинка „Срничка“ за првпат добива термофасада, со што значително ќе се подобри енергетската ефикасност на објектот, ќе се намалат трошоците за загревање во зимскиот период и ќе се обезбедат попријатни услови за престој во текот на топлите летни денови.
Станува збор за значајна инвестиција што се реализира како донација и која ќе придонесе за помодерен, пофункционален и поекономичен објект, создавајќи подобра средина за престој и развој на децата.
Нашите најмали заслужуваат безбедни, современи и квалитетни услови во кои ќе растат, ќе учат и ќе ги создаваат своите најубави детски спомени. Токму затоа Општина Аеродром продолжува со вложувања кои директно го подобруваат нивното секојдневие.
Продолжуваме посветено да инвестираме во иднината, затоа што секое вложување во децата е вложување во подобар Аеродром за сите.
јуни 23, 2026


