Connect with us

Забава

Романија ќе гради највисок пешачки висечки мост во Европа

Романија ќе добие нова туристичка атракција од европски размери, највисоки пешачки висечки мост во Европа. Мостот ќе биде изграден во општина Парва, во регионот Бистрица-Насоуд.

Парва со мостот долг приближно 620 метри, на висина од речиси 200 метри, би била  една од најатрактивните туристички дестинации во Романија, нудејќи незаборавно искуство за посетителите и љубителите на авантурите. Процените покажуваат дека посетеноста би можела да порасне за повеќе од 20 проценти во првата година по завршувањето на изградбата.

Мостот, што треба да биде изграден до октомври 2027 година ќе чини  околу 24 милиони романски леи (околу 4,5 милиони евра). 

Во рамки на подготовките за изградба, властите планираат да организираат јавна дебата на која жителите ќе имаат можност да дадат свои предлози и да учествуваат во изборот на името на идниот висечки мост.