Connect with us

Скопје

Мицкоски: Во општина Гази Баба се вложени над 12 милиони евра и тие значат додадена вредност за животите на жителите

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, градоначалникот Бобан Стефковски и членови на општинскиот совет на Гази Баба посетија три локации на кои се спроведуваат инфраструктурни проекти. Градоначалникот Стефковски посочи дека во селото Идризово во завршна фаза е спортскиот центар кој ќе содржи фитнес зона и терени за мал фудбал, игралиште за баскет и детско катче. Во селото Трубарево се изврши увид во завршните работи на детската градинка, која наскоро ќе биде предадена во употреба. Во населбата Хиподром во тек е реконструкција на улицата „Париска комуна“, главната сообраќајница во населбата, која, како што рече е финансирана со пари од вториот повик на владата.

– Освен овие, на територијата на општина Гази Баба се реализираат голем број на проекти, се гради новото училиште во Ченто, спортска сала во Црешево, реконструкција на домот 11 Октомври, детска градинка во Инџиково, се асфалтираат улици во повеќе места, се градат канализации. Изминативе четири години општина Гази Баба бележи историски развој, а за тоа сведочат сите реализирани и така ќе се продолжи во корист и интерес на граѓаните, рече Стефковски по посетата на населбата Хиподром.

Премерот Мицкоски им честиташе на локалните власти за сработеното во изминатиов период.

– Навистина можам да кажам делува импресивно и ја користам оваа прилика да му честитам нему, на советниците, на администрацијата, на пратениците во македонскиот Парламент, коишто се борат секој ден да реализираат проект повеќе, на граѓаните да им обезбедат подобри услови за живот. Тоа е она коешто треба да го прави секој еден градоначалник во Македонија, рече Мицкоски.

Тој посочи дека откако со Гази Баба, раководи Стефковски може да се види трансформацијата и дека се стотици проекти за кои, како што потенцира, значат додадена вредност за животите на жителите на Општина Гази Баба.

-Во општина Гази Баба се вложени околу 12 милиони евра. Така што овој народ којшто е денес овде и којшто нè поддржува е нашата инспирација и мотив да продолжиме по патот на градење и создавање, а не кон патот на измислици, шпекулации, рече Мицкоски.

Градоначалникот Стефковски посочи дека во селото Идризово во завршна фаза е спортскиот центар кој ќе содржи фитнес зона и терени за мал фудбал, игралиште за баскет и детско катче. Во селото Трубарево се изврши увид во завршните работи на детската градинка, која наскоро ќе биде предадена во употреба. Во населбата Хиподром во тек е реконструкција на улицата „Париска комуна“, главната сообраќајница во населбата.

На новинарско прашање за проблемот со комуналниот смет, градоначалникот Стефковски посочи дека таа обврска е на градското претпријатие Комунална хигиена.

– Испративме дописи и реагираме на состојбата, но оттаму немаме одговор и по некоја паушална изјава дека имаат проблем со механизацијата. Тоа е несериозен однос кон граѓаните и се надевам дека наскоро ќе има нов менаџмент кој системски ќе ги решава проблемите на градот, рече Стефковски.

Тој потенцира дека локалната самоуправа презема акции за чистење и подигање на сметот и делувала во санирање на проблемот кој се појави на депонијата Вардариште.з