Connect with us

Хроника

Во Дебар приведени девет албански државјани, без регулиран престој работеле во градежништво

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи-Дебар, приведоа албански државјани, кои без дозвола за престој биле ангажирани во градежни активности.

-Вчера  во 11:30 часот на улицата .„Бајрам Цури“ во Дебар, полициски службеници привеле девет албански државјани. При контрола извршена од полициски службеници и трудовата инспекција, констатирано е дека тие немале уредна документација за престој во земјава и дека спротивно на законските одредби, вршеле градежни работи на подрачјето на Дебар, информираше Стефан Димоски, портпатол на секторот за внатрешни работи – Охрид. 

Улицата „Бајрам Цури“ е поранешна „Пролетерска“, која се наоѓа во населбата „Венец еден“, каде во тек на градба се стамбени објекти.

Според него по целосно документирање на настанот, ќе следи соодветен поднесок. 

Поради близината, албански граѓани од пограничниот регион, посебно од областа Голо Брдо, кои се познати по мајстворството, не ретко се ангажираат во поширокото дебарско подрачје.

Ad
Ad