Сервисни информации
Од четврток до недела со локален пороен дожд грмежи и пад на температурите

Утре ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува
слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен јужен ветер.
Како што информираат од УХМР, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од четврток до недела ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе биде во опаѓање.
септември 10, 2025