Connect with us

Култура

Во Етнокуќата во Кочани изложени изработки со ткаење од „Ракотворница“

На првиот кат во Етнокуќата во Кочани синоќа беше отворена изложбата на изработки од обуката за ткаење на вертикален разбој, реализирана пролетва од Здружението „Синтезис“ и Општина Кочани.

Во витрините на Етнокуќата се изложени и ткаени, плетени, везени и шиени предмети позајмени од кочанци – сведоштво на богатата локална етнолошка ризница, како и нови изработки со современ уметнички израз.

Пред присутните, учесничките во обуката и креаторките на изложбата ги истакнаа придобивките од ткаењето на вертикален разбој како арт-терапија, можностите за жените да ја јакнат економската моќ со нови вештини, како и спојот на традиционалните елементи во актуелното живеење. Исто така беше потенцирано значењето на циркуларната економија и заштитата на животната средина, со што на неупотребливите текстилни производи им се дава нов живот.

Во обуката за ткаење на вертикален развој, што се реализираше под менторство на Лилјана Гоцевска,  беа вклучени десетина жени и девојки од Кочани на различна возраст.

Ad
Ad