Connect with us

Фудбал

Историски преоден рок во женскиот фудбал

Летниот преоден рок во женскиот професионален фудбал донесе рекордна бројка од 1.400 меѓународни трансфери, објави денеска Светската фудбалска федерација (ФИФА).

„Вкупно 1.406 меѓународни трансфери беа регистрирани во женскиот професионален фудбал, што е зголемување од 19,2 проценти во споредба со претходниот рекорд“, наведе ФИФА.

Според извештајот, клубовите потрошиле вкупно повеќе од 25 милиони евра за засилувања, што е исто така нов рекорд. Претходниот рекорд од минатата година изнесуваше 11,2 милиони евра.

Оваа бројка, според студијата на ФИФА, е далеку под онаа во машкиот фудбал во кои клубовите потрошија близу 10 милијарди евра ова лето.