Connect with us

Фудбал

Даер: Не мислам дека е вистинско време да се соочиме со тим како ПСЖ

Дефанзивецот на Монако, Ерик Дајер, пред натпреварот од третото коло од француското првенство против ПСЖ изјави дека парискиот тим е најдобар во светот.

– Дали сега е вистинско време да се соочиме со нив? Искрено, не мислам дека има вистинско време да се соочиме со тим како Пари Сен Жермен. Мислам дека нивната подготовка за овој натпревар оди точно исто како и за претходните два лигашки натпревари. Зборуваме за најдобриот тим во светот во последните две години, во кој играат играчи од светска класа и предводени од еден од најдобрите тренери на планетата. Затоа, не мислам дека можеме да извлечеме заклучоци врз основа на нивните резултати во првите две кола. Тие ја освоија Лигата на шампионите пред три месеци, тоа не беше толку одамна, па нашата почит кон нив останува иста, како и нашата почит кон она што го постигнаа неодамна. Во секој случај, тренерот ќе ни даде план за игра што сака да го спроведе. Клучот за нас е добро да го контролираме нивното движење и да комуницираме едни со други за да дејствуваме како единица, изјави Даер за официјалната веб-страница на клубот од Монте Карло.

Натпреварот ПСЖ – Монако ќе се одржи на 4 септември во Париз со почеток во 21:05 часот.