Connect with us

Свет

Трамп го испрати нуклеарниот договор со Саудиска Арабија на разгледување во Конгресот

Претседателот на САД, Доналд Трамп го испрати договорот за цивилна нуклеарна енергија со Саудиска Арабија на разгледување во Конгресот, условувајќи го неговото одобрување со нормализација на односите на Ријад со Израел.

Договорот постигнат во јули, ќе им овозможи на американските компании да извезуваат цивилна нуклеарна технологија во Саудиска Арабија. Конгресот има рок 90 дена да се изјасни за договорот.

Според неименуван извор, договорот бил испратен во Конгресот пред два дена.

Ставот на претседателот не е променет, договорот може да продолжи само ако Саудиска Арабија се придружи на Аврамски договори, наведе неименуваниот извор.

Аврамските договори за нормализирање на односите на Израел со  арапските и муслиманските земји се посредувани од САД. Израел во 2020 и во 2021 година потпиша договори со Обединети Арапски Емирати, Бахреин, Мароко и Судан.

Само неколку дена откако беше постигнат нуклеарниот договор со Саудиска Арабија во јули, Трамп го постави нормализирањето на односите со Израел како услов за негово стапување во сила.

Саудиска Арабија инсистира на воспоставување палестинска држава пред да го признае Израел.