Connect with us

Свет

Унгарија ја прогласи Русија за закана

Премиерот на Унгарија, Петер Маѓар потпиша документ за насоки за работата на унгарската делегација во Генералното собрание на ОН, во кој Русија е прогласена за закана.

– Унгарија ја осудува руската воена агресија и целосно го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во рамките на нејзините меѓународно признати граници, се наведува во документот.

Исто така, се нагласува дека Унгарија „го признава правото на Украина на самоодбрана“.

– Однесувањето на Русија претставува закана за Унгарија, Европа и светскиот поредок. Будимпешта ги поддржува сите напори што би довеле до преговори за траен мир и долгорочни безбедносни гаранции за Украина, се истакнува во насоките.

За време на 16-годишното владеење на поранешниот премиер Виктор Орбан, Унгарија ги ублажуваше или ги попречуваше санкциите на ЕУ против Русија. По смената на власта, Унгарија веднаш објави промена во надворешната политика. Новата централно-десничарска влада дозволи отворање на преговорите за пристапување во ЕУ со Киев во јуни, на кои Орбан две години ставаше вето.

Но, за разлика од другите земји-членки на НАТО, Унгарија и понатаму одбива да испорачува оружје на Киев. Будимпешта, исто така, се спротивставува на забрзаниот пристап на Украина во ЕУ.