Connect with us

Свет

Маск одликуван со украински Орден на слободата

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски го одликува американскиот милијардер Илон Маск со Орден на слободата.

– Орденот на слободата му се доделува на Илон Маск, претприемач, инженер и директор на „Спејс Икс“ и „Тесла“ во САД, се наведува во декретот на Зеленски.

Во указот се посочува дека Маск е награден за „извонреден личен придонес во заштитата на човечкиот живот и слободата, како и во развојот на односите помеѓу народите на Украина и САД.

Списанието „Атлантик“, повикувајќи се на соработници на поранешниот украински министер за одбрана Михаил Федоров, претходно објави дека Маск не ѝ дозволи на Украина да го користи сателитскиот интернет „Старлинк“ за извршување напади врз руска територија, оценувајќи оти е време Украина да постигне мировен договор со Русија.