Connect with us

Фудбал

Манчестер Сити тргнува по фудбалер на Ливерпул

Заминувањето на Родри од Манчестер Сити во Барселона направи голема празнина во средниот ред на „граѓаните“, кои последната сезона остана и без титулата во Премиер лигата. Сега тимот од „синиот“ дел на Манчестер експресно ќе треба да најде засилување – играч на таа позиција.

Англиските медиуми почнаа со шпекулации, откако Челзи ги „затвори“ сите можности за трансфер на Енцо Фернандез ова лето.

Манчестер Сити сега замена за Родри гледа во аргентинскиот репрезентативец и фудбалер на големиот ривал од последните години Ливерпул, Алексис Мек Алистер. Фудбалерот досега беше на одмор и десетина дена е со својата екипа и притоа одигра на пријателскиот дуел со Комо. Засега тој нема покажано интерес за трансфер, иако во текот на претходната сезона често беше поврзуван со екипи пред сè од Шпанија. Проценката за трансфер би можела да изнесува околу 85 милиони евра, за клуб кој е директен ривал.