Connect with us

Фудбал

Онана девет месеци надвор од теренот

Белгискиот репрезентативец од средниот ред, Амаду Онана и фудбалер на премиерлигашот Астон Вила денеска го оперираше предниот вкрстен лигамент на десното колено во приватна болница во Лион и ќе биде надвор од терените околу девет месеци, јавија белгиските медиуми.
Дваесетичетиригодишниот Онана ќе ја мине рехабилитација под надзор на медицинскиот на англискиот клуб.
Онана, кој досега одигра 33 натпревари за Белгија, се повреди во осминафиналето на Светското првенство во Сиетл против САД, кога мораше да го напушти теренот по само дваесет минути.
Претходно во кариерата, Онана настапуваше за Хамбург (2020-2021), Лил (2021-2022) и Евертон (2022-2024).

Ad
Ad