Connect with us

Фудбал

СП 2026: Кубарси прогласен за најдобар млад играч, Симон најдобар голман

Шпанскиот дефанзивец Пау Кубарси ја доби наградата за најдобар млад играч на Светското првенство 2026.

Деветнаесетгодишникот ги одигра сите осум натпревари на турнирот без замени и доби само еден жолт картон. Шпанија прими еден гол на Светското првенство 2026, што е рекорд за екипите што го освоија Светското првенство. 

Шпанскиот голман Унаи Симон е прогласен за најдобар голман на Светското првенство 2026.

Голманот бранеше на сите осум натпревари на Шпанија на Светското првенство и прими само еден гол, што е рекорд за репрезентациите што станале светски прваци.

Во финалето на Светското првенство 2026, Шпанија ноќеска ја победи Аргентина (по продолженија 1:0) и стана светски шампион по втор пат во својата историја.

Ad
Ad