Фудбал
Нико Вилијамс ја посвети на Нејмар победа на СП 2026
Шпанскиот фудбалер Нико Вилијамс ја посвети својата победа на Светското првенство во 2026 година на својот идол, Нејмар.
Во финалето на турнирот, одржано ноќеска на стадионот „МетЛајф“ во Ист Радерфорд, САД, Шпанија ја победи Аргентина со 1-0 по продолжение. Феран Торес го постигна единствениот гол во 106-тата минута, по асистенција од Вилијамс.
– Многу сум среќен, за мене ова е најдоброто нешто. Го обожавам Нејмар. Се надевам дека нè гледаше – ова е и за него, рече Вилијамс во интервју за „Казе ТВ“.
Нејмар учествуваше на Светското првенство во 2026 година како дел од репрезентацијата на Бразил, која загуби со 2.1 од Норвешка во осминафиналето.
јули 21, 2026

