Сцена
Ерлинг Халанд и Изабел Хаугсенг, ВИП гости на модната ревија на Долче и Габана
Ерлинг Халанд, напаѓачот на Манчестер Сити во вторникот вечерта беше забележан на модната ревија на Долче и Габана заедно со својата девојка Изабел Хаугсенг Јохансен, во Таормина, на италијанскиот остров Сицилија.
Халанд не се повлече од очите на јавноста ни по елиминирањето на Норвешка во четвртфиналето на Светското првенство. Тој, заедно со неговата девојка Изабел Хаугсенг Јохансен, облечени во елегантно бели комбинации на Долче и Габана, присуствуваа како ВИП гости.
Фудбалерот од 2023 година соработува со овој луксузен моден бренд во рамки на промотивен договор, чија вредност, според достапните информации, достигнува до 2,7 милиони долари.
јули 17, 2026


