Connect with us

Култура

„Танец“ и „Ладо“ ја воодушевија публиката со концертите во Битола и Скопје

Националниот ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“ и Хрватскиот национален професионален фолклорен ансамбл „Ладо“ одржаа два концерти во Битола и Скопје, приредувајќи незаборавно музичко-сценско доживување за љубителите на фолклорот.

Публиката, како што информираа од „Танец“ имаше можност да ужива во внимателно подготвена програма што го претстави богатството на македонската и хрватската традиционална музика и игра.

„Танец“ се претстави со своите препознатливи кореографии, виртуозна игра, вокални изведби и оркестарска придружба, додека „Ладо“ ја освои публиката со автентичниот вокален израз, раскошните народни носии и динамичните кореографии.

И во Битола и во Скопје концертите беа проследени со силни аплаузи и стоечки овации, а публиката со воодушевување ги поздрави настапите на двата ансамбла.

-Заедничките концерти уште еднаш ја потврдија долгогодишната соработка и пријателство меѓу „Танец“ и „Ладо“, испраќајќи силна порака дека фолклорот е мост што ги поврзува народите и дека традиционалната уметност продолжува да привлекува бројна публика кога е претставена на врвно професионално ниво, велат од „Танец“. 

Ad
Ad