Connect with us

Филм

Актерката Маришка Харгитеј ќе биде водителка на 78. доделување на наградите Еми

Овогодишното 78. доделување на наградите Еми ќе се одржи на 14 септември, во театарот Пикок во Лос Анџелес. Водителка на церемонијата ќе биде актерката Маришка Харгитеј. Настанот ќе биде емитуван во живо на телевизија Ен-би-си.

„Манифестацијата ќе се одржи на 14 септември во театарот Пикок, каде што се одржува години наназад. Ќе биде достапна и на стриминг-платформата Пикок“, стои во соопштението на Ен-би-си Универзал, објавено вчера.

Харгитеј осум пати е номинирана за Еми наградата. Признанието за најдобра главна улога го добива толкувајќи го ликот на детективката Оливија Бенсон, во серијата „Закон и ред: Оддел за специјални жртви“, од 2006 година. Освен актерската кариера, Харгитеј е позната и по давање поддршка на жртвите на сексуално насилство.

Од неофицијални извори, актерката и годинава би можела да се најде меѓу номинираните, но овој пат како режисерка и продуцентка на документарниот филм „Мојата мајка Џејн“

Оваа година меѓу номинираните се: серијата „Плурибус“на телевизија Епл+ и серијата „Д Пит“ на Ејч-Би-О макс. Номинациите ќе бидат соопштени од Лиза Колон-Зајас и Џеф Хилер.

Ad
Ad