Свет
Лавров: Москва останува посветена на она што беше договорено на средбата Путин-Трамп во Алјаска
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Москва останува посветена на договорите постигнати меѓу претседателите Владимир Путин и Доналд Трамп на нивната средба во Алјаска во август минатата година и не е подготвена да прифати други привремени решенија или ултиматуми.
Руските претставници редовно се повикуваат на т.н. „дух на Анкориџ“ – израз што, според аналитичарите, претставува скратен опис на можно решение според кое украинските сили би се повлекле од преостанатите делови на Донбас што не се под руска контрола, а Москва би ги замрзнала фронтовските линии на другите правци.
Киев повеќепати јасно порача дека нема да отстапи ниту дел од својата територија без отпор.
– Во август минатата година лидерите на Русија и на САД постигнаа низа договори за политичките начини за надминување на украинската криза. Ние остануваме верни на тие договорености – изјави Лавров.
Тој не изнесе дополнителни детали за можните следни чекори во преговорите.
јуни 25, 2026


