Забава
„Спик-изи“ – нови телефони за лица од третото доба
Американскиот Мобилен оператор „МВНО“ (MVNO Consumer Cellular) ги лансираше телефоните „Спик-изи“ (SpeakEasy) – самостоен бренд создаден специјално за луѓе со над 75 години. Концептот се заснова на идејата дека трајната поврзаност не треба да значи навигација низ сложена технологија.
Се работи за два уреди. „Спик-изи“ на преклоп (SpeakEasy Flip) чини 79,95 долари, или 14,95 долари месечно, со вклучени 500 мегабајти податоци. Тоа е телефон „со големи копчиња – лесни за читање, контроли за јачина на звук свртени напред и исклучително гласен звучник“, како што вели описот. Телефонот користи сопствен кориснички интерфејс развиен на „Андроид со отворен код“.
„Спик-изи смарт“ (SpeakEasy Smart) е паметен телефон „со голем, светол екран“, којшто користи поедноставен „Андроид“-оперативен систем, со интерфејс со големи копчиња, истакнувајќи ги најчесто користените функции како што се повици, пораки, фотографии и видеа. Понудата чини 99,95 долари, или 14,95 долари месечно, со вклучени 3 гигабајти размена на податоци.
јуни 24, 2026

