Хроника
Претрес во Битола, лишено од слобода едно лице по пронајдена дрога во неговиот дом
Полициски службеници уапсиле битолчанец откако при претрес во неговиот дом пронајдени се повеќе пакувања со кафеава прашкаста материја, дигитална вага, марихуана и банкноти во различни апоени.
-Во Битола, полициски службеници од СВР Битола вчера го лишија од слобода З.Б.(32) од Битола. При претрес во домот и помошните простории кои ги користи, извршен со наредба од Основен суд Битола, пронајдени и одземени се повеќе пакувања со кафеава прашкаста материја, дигитална вага, марихуана и банкноти во различни апоени – соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од МВР информираат дека лицето е задржано во полициска станица и најавуваат дека по целосно документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава
јуни 24, 2026

