Хроника
Лишен од слобода дебранец за физички напад врз вонбрачната партнерка
Полициски службеници од дебарското одделение за внатрешни работи, лишиле од слобода дебранец поради физички напад врз неговата вонбрачна партнерка.
-Денеска во 2 часот полициските службеници го лишија од слобода А.Л.(34) од Дебар, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата вонбрачна партнерка. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи – Охрид .
Според полициската статистика ова е последователен ваков случај. Само годинава регистрани се повеќе од 10 случаи на семејно насилство на подрачјето кое со својата активност го покрива одделението, односно Општина Дебар и Општина Центар Жупа.
Деновиве лишен од слобода беше Е.С.(24) од Дебар, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата сопруга.
Димоски исто така информираше дека вчера во 19:40 часот, е лишен од слобода А.М.(51) од дебарското село Селокуќи, подстапувајќи по претходна пријава дека на градската депонија во близина на Дебар, заедно со Ф.А.(22) од Република Албанија физички го нападнале Ш.К.(51) од Дебар. Според него по целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
јуни 24, 2026


