Свет
Иран и САД ќе почнат технички разговори во Швајцарија за спроведување на меморандумот за разбирање
Техничките разговори меѓу Иран и САД за механизмите за спроведување на меморандумот за разбирање и формирање технички работни групи ќе почнат денеска во Швајцарија, јавија светските агенции, повикувајќи се на иранската новинска агенција.
Иранската делегација е предводена од заменик-министерот за надворешни работи Казем Гарибабади и вклучува политички, економски и правни експерти. Претставници на земјите посредници Пакистан и Катар, исто така, ќе учествуваат во разговорите, додека главниот ирански преговарачки тим, предводен од претседателот на иранскиот Парламент, Мохамед Багер Галибаф, веќе се врати во Техеран.
Швајцарското Министерство за надворешни работи, исто така, го потврди „непосредното продолжување“ на техничките разговори. Во соопштението од швајцарското министерство се поздравува „договорот за патната мапа со цел постигнување конечен договор во рок од 60 дена“. Според министерството, „оваа мапа создава услови за непосреден почеток на нови технички преговори“.
јуни 23, 2026


