Свет
Дел од возовите во Белгија нема да сообраќаат поради високите температури
Белгиските железници соопштија дека некои возови нема да сообраќаат оваа недела поради очекуваните рекордни високи температури и ризикот од оштетување на пругите.
Според матеоролозите, задутре во Белгија претстои историски рекорд, и се очекува температурата во сенка да биде 37 степени и ова ќе остане непроменето неколку дена.
Управата на железницата стравува дека шините ќе се деформираат и дека постои ризик од почести дефекти на возовите, што би можело да доведе до блокирање на целиот сообраќај на одредени места.
Некои од возовите кои нема да сообраќаат немаат климатизација и се користат само во шпицот, што значи дека остатокот од времето стојат на Сонце без да се ладат, а во овој случај тоа ги прави неупотребливи, забележаа локалните медиуми.
јуни 23, 2026


