Connect with us

Општини

Во Штип од утре второто издание на ,,Shtip street food festival” на шеталиштето „Ванчо Прќе“

Штип од утре до недела ќе биде домаќин на второто издание на „Shtip street food festival“. На шеталиштето „Ванчо Прќе“ граѓаните ќе имаат можност да уживаат во богата музичка програма и да дегустираат храна од повеќе светски кујни. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека се очекува добра посетеност, одлична забава и фестивалот да продолжи да се развива како традиционална манифестација, која ќе ја збогатува понудата на градот. 

-Граѓаните на општина Штип, но и сите гости од страна, во следните неколку денови ќе имаат можност добро да се забавуваат со богата музичка програма, да имаат можност да пробаат, да вкусат храна од многу светски кујни. Посакувам да има добра потрошувачка, одлична забава и сето ова да продолжи како една традиција, во насока на збогатување на понудата, која како град ја нудиме на нашите сограѓани, но и на сите гости, кои доаѓаат од страна – рече Јорданов.

Тој додаде дека на градот му се потребни вакви настани кои го збогатуваат општествениот и забавниот живот. 

-Верувам дека сите потребни подготовки ќе се навреме изреализираат за да сето она кое е предвидено и замислено на шеталиштето „Ванчо Прќе“ од петок до недела да се реализира, програмата која ќе имаат можност нашите сограѓани да  ја проследат, да уживаат во неа и во богатата понуда на светски кујни, кои верувам организаторите ќе се погрижат да обезбедат со соодветни штандови, за да има соодветна понуда. Во име на ова сакам да се заблагодарам и на организаторите кои втора година по ред се се во Штип на овој уличен фестивал, додаваат вредност во нашиот град со  ова и навистина во еден ваков период, кога полека завршува и учебната и академската година, на Штип му се неопходни вакви настани – рече Јорданов.

Ad
Ad