Connect with us

Свет

Во Шведска маж осуден на повеќе од четири години затвор поради што ја принудувал сопругата на проституција

Судот во Шведска осуди маж на четири години и пет месеци затвор за „немилосрдно“ искористување на својата сопруга, принудувајќи ја да се проституира со повеќе од сто мажи.

Обвинетиот е прогласен за виновен за „тешко подведување“, како и за обид за силување.

За време на истрагата идентификувани се околу 120 клиенти, од кои 29 се гонети, а 28 се осудени, од кои двајца на строги затворски казни.

Според пресудата сопругот ја поттикнал жената на проституција и дека бил одговорен за поголемиот дел од управувањето со бизнисот. Тужителката бил немилосрдно експлоатирана.

Случајот во Шведска наликува на судењето во Франција на Доминик Пелико, кој во декември 2024 година е осуден на 20 години затвор за дрогирање на својата сопруга Жизел и организирање на нејзино силување и снимање. Од 2011 до 2020 година Жизел била дрогирана и околу 200 пати силувана во нејзиниот дом од различни мажи додека била во бессознание.

Ad
Ad