Connect with us

Хроника

Приведени пет турски државјани во Скопје поради нерегулиран престој

Полицијата приведе петмина државјани на Турција на територијата на општина Аеродром поради нерегулиран престој во државата, соопштува Министерството за внатрешни работи.

Акцијата била спроведена во периодот од 09:00 до 12:00 часот од страна на полициски службеници од СВР Скопје, согласно планот за активности на пријавно-одјавната служба за месец јуни.

Како што информираат од МВР, приведени се лицата М.Е.С. (19), П.С. (23), Ј.С. (19), Д.Г. (25) и Б.Т.Б. (20), сите од Република Турција.

По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Ad
Ad