Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС се во служба на бугарската агенда, Филипче директно соработува со луѓе кои го негираат македонскиот идентитет

Венко Филипче и СДС се директно фатени на дело во отворена соработка со бугарски активисти кои отворено го негираат македонскиот идентитет.

Специјалниот пратеник на Румен Радев во Македонија, Венко Филипче, преку Рубин Земон е во директна соработка со Виктор Стојанов, кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови.

Виктор Стојанов е лице познато по своите ставови со кои отворено го негира македонскиот идентитет, македонскиот јазик, историја и култура.

Виктор Стојанов е човек кој јавно промовира тези дека Македонците и Бугарите се еден народ, директно навредувајќи го достоинството на македонскиот народ и удирајќи по темелите на македонската државност.

Венко Филипче е најгласен промотор на бугарските политики во Македонија и единствен кој бара внесување на бугарите во Уставот без гаранции дека тоа е послндниот чекор за влез во ЕУ.

Единствено Филипче смета дека вметнувањето на Бугарите во Уставот е единствениот билатерален проблем со Бугарија и Румен Радев и  покрај тоа што Радев јасно кажува дека Гоце Делчев е Бугарин и ги претставува неговите негаторски видувања за Македонија.

Ваквите политики на сервилност и потчинување на Филипче и СДС се штетни за државата, граѓаните нема да дозволат политики на понижување, самонегирање и национално распродавање.

Државните и национални политики мора да бидат над политичките калкулации на СДС, на  Филипче и нивното криминално наследство.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1