Connect with us

Регион

Во прекин железничкиот сообраќај во Србија

Железничкиот сообраќај во Србија е прекинат од рано утрово без да наведат од „Србијавоз“ причина за тој потег.

На веб-страницата е објавено дека „Србијавоз“ а.д. ги информира корисниците на услугите дека од денеска во 4:15 часот наутро „Српска железничка инфраструктура“ а.д. го прекина до понатамошно известување сообраќајот на сите возови на железничката мрежа на Република Србија.

Студентите во блокада во Србија денеска организираат протест во Белград под слоганот „Ти и јас, Славија, затоа што студентите победуваат“, што ќе трае од 18:00 до 20:00 часот. Како што наведоа студентите, целта на протестот е да ги потсети граѓаните на студентските барања кои сè уште не се исполнети, додека деталната програма на состанокот сè уште не е објавена.

На социјални мрежи веќе се појавија и пораки дека градскиот превоз во Белград ќе биде прекинат од 11 часот. Засега нема потврда од ГСП на Белград за таквите пораки.
Железничкиот сообраќај во Србија беше прекинат на еден ден на 15 март, како и на 28 јуни лани, и на 1 ноември.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1