Регион
Рама: Денот на Меѓувладината конференција Албанија-ЕУ, 26 мај – ден на гордост за Албанија
Албанскиот премиер Еди Рама, во реакција на Фејсбук, 26 мај кога во Брисел, се очекува Меѓувладината конференција Албанија-ЕУ, оценува дека со тоа ќе се означи успешното завршување на воведната фаза и отворање на последната фаза од преговорите за пристапување.
„На 26 мај во Брисел, Меѓувладината конференција Албанија – ЕУ успешно ја запечатува воведната фаза и ја отвора последната фаза од преговорите за пристапување. Бидејќи за разлика од она за што зборуваат дење и ноќе оние кои секогаш губат на крајот, европска Албанија што ја градиме е приказна за успех, која е напишана со визија, работа и посветеност, чекор по чекор, и на крајот секогаш победува, стои во објавата.
Според него 26 мај е ден на гордост за Албанија, победа за европска Албанија.
„Ова е уште еден ден на гордост за Албанија, за нашиот одличен тим, за сите нејзини оддели во секој дел од областа на јавните одговорности, за парламентарното мнозинство, за владата, за независните институции и секако за оние кои ги претставуваат на преговарачката маса за Албанија 2030 во ЕУ, додава Рама.
Тој и со критики до политичките противници за ширење негативни вести за земјата на меѓународната сцена.
„Тие (опозицијата) излегоа на улиците со молотови коктели, за да ја запалат Албанија во очите на странците. Тие излегоа во Европа со вреќи кал и земја, за да ја оцрнат Албанија во очите на странците. Тие беа измамени, како и секогаш, од сопствениот ум, а ги измамија и сè помалубројните што го имаат тој ум, напиша Рама.
На крај упатува „честитки до сите и пред сè, благодарност до секој Албанец кој ни верува и нè поддржува на патот на оваа историска мисија“.
мај 22, 2026
