Свет
Кремљ: Ги цениме посредничките напори на САД, но некој од Киев мора да преземе одговорност
Русија високо ги цени посредничките напори на САД насочени кон решавање на војната во Украина, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека Москва не гледа можност за завршување на војната без учество на „некој претставник на Киев“ кој е подготвен да „преземе одговорност“.
„Во врска со договорот, знаете дека американската страна ги продолжува своите посреднички и мировни напори и ние многу ги цениме. Но, секако, невозможен е конечен договор без учество на некој од Киев кој е подготвен да преземе одговорност“, рече Песков, пренесен од руските медиуми.
Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не е заинтересиран за фактот дека украинските напади врз руските рафинерии сериозно го оштетуваат светскиот пазар на дизел гориво, вклучително и американскиот пазар, додавајќи дека Зеленски „воопшто не сака војната да заврши“.
Одделно, Зеленски го обвини Трамп дека се обидува да изврши притисок врз Украина да се предаде на Русија.
Тој оцени дека Вашингтон неодамна извршил низа „непријателски потези“ кон Киев, вклучително и намерно забавување на интернетот преку системот „Старлинк“, како и одложување на испораката на ракети за системот „Патриот“.
Украинскиот претседател, исто така, оцени дека Трамп има многу добри односи со Путин.
октомври 19, 2026

