Connect with us

Регион

Грчка дигитална апликација за следење на движењата на пеликаните во Грција и на Балканот

Движењата на вкупно 37 пеликани, рутите што ги користат во Грција и на целиот Балкан, но и растојанието што го поминале, може да се следат новата преку дигитална алатка Follow the Pelican („Следи го пеликанот“) на Друштвото за заштита на Преспа – јави дописничката на МИА од Атина.

Секој од пеликаните има свое име и на интерактивната мапа е прикажана рутата, но и поминатите километри, а според податоците, најактивен е пеликанот Ели, што во период од еден година, од 21 мај 2025 година, заклучно со вчера, поминал 14.600 километри во северозападна Грција, Бугарија и делот околу Црното Море.

Голем дел од пеликаните се движат околу Преспанското Езеро или го имаат како почетна/крајна точка на нивните рути, некои стигнуваат и во регионот на Дојранското Езеро.

За една година биле снимени вкупно 11.454 рути на пеликаните. 

Од грчкото Друштво за заштита на Преспа информираа дека целта на апликацијата е јавноста да се запознае со животот на пеликаните, но и да ја согледаат важноста на поврзаните екосистеми што го поддржуваат нивниот опстанок.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1