Connect with us

Политика

Валентин Манасиевски избран за портпарол на партијата

ВМРО-ДПМНЕ синоќа одржа Извршен комитет на кој беа донесени повеќе кадровски решенија за претседатели на општинските комитети на партијата. За нов портпарол на партијата избран е Валентин Манасиевски.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека дел од претседателите на општинските комитети се нови лица кои ќе внесат свежина во местата од каде доаѓаат, а останатиот дел се актуелни и докажани претседатели кои донеле големи победи на изминатите изборни циклуси, но и големи позитивни промени во локалните самоуправи.

За новиот портпарол на партијата Манасиевски се наведува дека е долгогодишен активист на ВМРО-ДПМНЕ, кој својот партиски активизам го имал започнато во структурите на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Има завршено високо образование на Филозофскиот факултет при УКИМ, а моментално е мастер студии на УГД во Штип.

– ВМРО-ДПМНЕ со овие кадровски решенија ја гради иднината на државата, како на локално, така и на централно ниво, велат од партијата.

Нови претседатели на општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ:

ИЕ 1

  1. ОК Карпош – Тони Јаревски
  2. ОК Кисела Вода – Иван Живковски
  3. ОК Македонски Брод – Бисера Златеска
  4. ОК Аеродром – Дејан Митески
  5. ОК Центар – Сергеј Попов
  6. ОК Сопиште – Јане Мицевски
  7. ОК Студеничани – Кенан Абди
  8. ОК Сарај – Мартин Стојановски

ИЕ 2

  1. ОК Чаир – Ѓоко Велковски
  2. ОК Бутел – Дарко Костовски
  3. ОК Чучер Сандево – Зоран Бајовски
  4. ОК Гази Баба – Зоран Коцевски
  5. ОК Куманово – Филип Филиповски
  6. ОК Старо Нагоричане – Ивица Димковски
  7. ОК Ѓорче Петров – Бојан Стојаноски
  8. ОК Шуто Оризари – Ерџан Демир

ИЕ 3

  1. ОК Зелениково – Дејан Димишковски
  2. ОК Зрновци – Виктор Анакиев
  3. ОК Чешиново Облешево – Славе Донев
  4. ОК Илинден – Александар Ѓорѓиевски
  5. ОК Петровец – Драгана Узелац
  6. ОК Велес – Игор Здравковски
  7. ОК Чашка – Трајче Мишкоски
  8. ОК Градско – Александар Ѓорѓиевски
  9. ОК Лозово – Стојан Пешевки
  10. ОК Свети Николе – Бојан Митев
  11. ОК Штип – Душко Иванов
  12. ОК Карбинци – Гордана Барбашка
  13. ОК Кочани – Александар Андов
  14. ОК Виница – Александар Јованов
  15. ОК Македонска Каменица – Љупчо Марков
  16. ОК Делчево – Иван Гоцевски
  17. ОК Пехчево – Миле Гошевски
  18. ОК Берово – Столе Каракутовски
  19. ОК Крива Паланка – Емил Спасовски
  20. ОК Ранковце – Даниел Павловски
  21. ОК Кратово – Љупчо Спиров
  22. ОК Пробиштип – Тони Тоневски

ИЕ 6

  1. ОК Тетово – Александар Велјановски
  2. ОК Гостивар – Мартин Андоновски
  3. ОК Теарце – Радица Ѓорѓевска
  4. ОК Брвеница – Јовица Илиевски
  5. ОК Јегуновце – Димитар Костадиновски
Маркетинг
Ad 1
Ad 1