Култура
Награда за најдобра машка улога за актерот на струмичкиот театар Коста Ангов на фестивал во Бугарија
Актерот на НТ „Антон Панов“, Коста Ангов, ја доби наградата за најдобра машка улога на 35. издание на Друмеви театарски празници, кој се одржува во Шумен, Бугарија – соопштија од оваа културна установа.
Во соопштението се наведува дека ова е и големо признание за Струмичкиот театар, а наградата за најдобра машка улога Ангов ја добил за улогата на Мажот во претставата „Деца на светот“ од Стефан Цанев, во режија на Васил Михаил, во продукција на НТ „Антон Панов“ – Струмица.
Се додава дека жири-комисијата одлуката ја донела едногласно, а ја сочинувале Николај Гундеров – режисер и претседател на жири-комисијата, Стефан Спасов – режисер, Љубомир Нејков – актер, Иван Димитров – драматург и Влади Стоименов – режисер.
мај 19, 2026
