Connect with us

Култура

Нина Ангеловска-Станков со прва книга: „Ништо случајно“ во издание на „Три“

Нина Ангеловска Станков ексклузивно пристигнува со своја книга во издание на ТРИ.

Нејзиното име е едно од најпрепознатливите на македонската бизнис-сцена. Препознаена е како коосновач на „Grouper.mk“, првата платформа за групни попусти и една од водечките компании за е-трговија во земјата, меѓународно признат бизнис-лидер, доктор на науки и првата жена министер за финансии во Македонија.

Со оваа книга таа влегува подлабоко во својата приказна. Открива што значи да се создаде бизнис од нула, па сè до носење одлуки на највисоко ниво на државата. „Ништо случајно“ е искрено и лично сведоштво за патување низ бизнис-светот, политиката, лидерството, мајчинството и личните пресврти.

Од Издавачки центар ТРИ изјавија дека станува збор за сериозен проект и одлична соработка, додека Нина Ангеловска Станков на своите социјални медиуми го најави својот новитет означувајќи го пишувањето како „емоционален ролеркостер“. Сепак, таа одлучи да помине низ него и без задршки да зборува за својот живот, за кариерата и професијата.

Во 2018 г. Ангеловска Станков беше избрана на листата „30 под 30“ на „Форбс“, во 2019 г. беше именувана за една од седумте глобални амбасадорки на Е-трговија за жени на Конференцијата за трговија и развој на Обединетите нации (УНКТАД), а во 2023 година „Блумеринг Адрија“ ја вклучи во листата „Топ 50“.

Сите овие признанија и напорната работа за да стигне до нив, заедно со сите внатрешни борби, се вклучени во книгата.

Книгата е во претпродажба (https://tinyurl.com/yfzek2dr), а од промоцијата што е најавена на 3 јуни, ќе биде во продажба во сите книжарници на ТРИ и на kniga.mk

Маркетинг
Ad 1
Ad 1