Култура
Денови на Крали Марко во Прилеп
Од денеска до недела во Прилеп се одржува манифестацијата „Денови на Крали Марко“. Манифестацијата е трдиционална, а сите настани оваа година се во рамките на одбележувањето на 631 година од загинувањето на Крал Марко, личност од преданијата, но и од историјата, значајна за средновековниот Прилеп. Крали Мареко загинал на 17 мај 1395 година.

Во рамките на манифестацијата, денеска во Заводот и музеј во Прилеп беше отворена изложбата „Балканскиот јунак Марко“ на историчарот Рубин Белчески, а во Лапидариумот во Музејот се одржа и интерактивна работилница за овој средновековен јунак од преданијата, но и од историјата, а неминовно поврзан со Прилеп.
-Крал Марко е историска личност, а се чини дека уште поголема слава има во преданијата, легендите, во истражувањата на повеќе писатели. Дури и Крсте Петков Мисирков се занимавал и бил интригиран од славата на Крал Марко кој уште во средновековието бил познат како дипломат, но и низ Европа, да дури и до Соединетите американски држави, вели историчарот при прилепскиот Завод и музеј, Рубин Белчески.
Во рамките на манифестацијата, учениците од прилепското основно училиште „Блаже Конески“ во варошката црква „Свети Никола’ создаваа ликовни творби поврзани за Крали Марко.
В недела во амфитеатарот во населбата Варош под Марковите Кули, групата „Мизар“ ќе одржи концерт во рамките на манифестацијата „Денови на Крали Марко“ во Прилеп.
мај 16, 2026
