Connect with us

Регион

Трибуналот во Хаг ја одби молбата за предвремено ослободување на Ратко Младиќ

Меѓународниот трибунал на ОН за воени злосторства во поранешна Југославија ја одби молбата за предвремено ослободување на поранешниот командант на босанските Срби, Ратко Младиќ, осуден за геноцид и злосторства против човештвото. Трибуналот соопшти дека ја отфрлил молбата на 84-годишниот Младиќ, кој бараше предвремено пуштање на слобода од хуманитарни причини поради влошена здравствена состојба.

Во јуни 2021 година, Младиќ беше правосилно осуден на доживотен затвор по 10 од 11 точки од обвинението за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото. Неговиот син, Дарко Младиќ, минатата недела изјави дека здравствената состојба на неговиот татко значително се влошила во последните две недели.

Според српски медиуми, Ратко Младиќ претрпел мозочен удар на 10 април, а неговата состојба дополнително се комплицира поради сериозни невролошки, кардиоваскуларни и бубрежни заболувања.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1