Connect with us

Забава

На преговарачката маса за време на состанокот на Трамп и Шји во Пекинг немаше ниту една жена

На билатералниот состанок на претседателите на Соединетите Американски Држави и Кина, Доналд Трамп и Шји Џјинпинг во Пекинг немаше жени меѓу официјалните лица кои седеа на преговарачката маса ниту на американската ниту на кинеската страна.

Во Кина во моментов нема жени во Политбирото, групата високи функционери која ги надгледува Комунистичката партија и централната влада.

Во американската администрација, шефицата на кабинетот на Белата куќа Сузи Вајлс стана првата жена на таа функција, но не допатува со Трамп во Пекинг. Шефицата на протоколот на американската администрација Моника Краули, која патуваше во Кина како дел од американската делегација, не присуствуваше на состанокот со кинескиот претседател.

Според моменталниот состав на администрацијата, во кабинетот на Трамп има четири жени.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1