Политика
ВМРО-ДПМНЕ; Во едно соопштение СДС со обвинувања за србофилство, во други за бугарофилство, а котињата Филипче и Заев со златни визи од Дубаи
СДС и Венко Филипче во едни соопштенија со обвиненија кон ВМРО-ДПМНЕ за србофилство во други за бугарофилство, а во исто време криминалците и предавници Зоран Заев и Венко Филипче со документи за престој и златни визи од Дубаи.
Очигледно Венко Филипче е сервилен слуга на Зоран Заев, а Заев, СДС ја даде под кирија на Румен Радев. Како што имаше директни сведоштва од Бугарија дека Заев добил пари од Софија, а за возрат ветувал прислушувани разговори, со кои тргувал пред да стане премиер, и ветувања за други бизниси, сега е многу веројатно дека Заев Софија ја користел за перење на криминално стекнат капитал поради што е уценет и сега одработува за Бугарија.
Притисоците од СДС за прифаќање на бугарските диктати, не се ништо друго освен одработување на уценетите предавници и котиња, Заев и Филипче. Овие уценети котиња сакаат сега да ја фрлат Македонија на колена со нови предавства.
Затоа им смета ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да биде брана за предавничките политики на котињата Заев и Филипче.
мај 13, 2026
