Скопје
Пролетна дератизација во Општина Аеродром
Во Општина Аеродром деновиве се спроведува редовна пролетна дератизација на ниво на целата територија на општината, со цел заштита на јавното здравје и превенција од појава и ширење болести што ги пренесуваат глодачите.
Во рамките на акцијата, како што соопштија од општинската прес-служба, се опфатени околу 3.000 шахти, во кои се поставуваат вкупно 9.000 мамци, а активностите ги опфаќаат и сите основни училишта и детски градинки на територија на Општина Аеродром.
Дератизацијата ја врши Центарот за јавно здравје – Скопје. Грижата за здравјето и безбедноста останува приоритет, а пролетната и есенската дератизација се дел од континуираните активности за чиста, безбедна и здрава животна средина во Општина Аеродром.
мај 13, 2026
