Connect with us

Политика

Димитриевски: Немаме конечни разговори на тема реконструкција, задоволен сум од работата на двајцата министри на ЗНАМ

Лидерот на ЗНАМ Максиом Димитриевски изјави дека се уште немаат конечни разговори околу тоа како ќе изгледа составот на новата влада, додавајќи дека е задоволен од работата на двајцата министри на ЗНАМ – Игор Филков за правда и Горан Минчев за јавна администрација. 

-Легитимно е од страна на мандатарот на Владата да бара промена на одредени имиња во Владата и во составот на Владата, но секако ние како владини партнери имаме свој удел во носењето на конечните одлуки. Ние како ЗНАМ сме апсолутно задоволни од работата на нашите двајца министри на Горан Минчен во ресорот на јавна и државна администрација и на Горан Филков во ресорот правда, изјави Димитриевски. И сите резултати што беа сработени, првично во Извештајот на ЕК не беа споменати сите закони кои беа во постапка на изготвување, но во следниот извештај ние очекуваме позитивни резултати, бидејќи самите закони од Влада ќе поминат на Собрание и мнозинството ќе ги донесе со одредени измени и забелешки доколку ги има, рече тој.

Тој кажа дека иако немаат конечно разговарано за реконструкцијата, како владин партнер даваат забелешки за одредени ресори кои можат да бидат зајакнати, премиерот тоа треба да го сумблимира со своите партнери и потоа да излезе со конкретен предлог.

-Кога влеговме во оваа влада бевме растеретени од бројот на ресорите. Баравме ресори каде што ќе се работи. Ресори со најмал буџет, каде што ќе се минимизира можноста од какви било коруптивни дејанија, не само на првите луѓе што ги водат туку и на самите луѓе кои работат на клучните места во тие ресори. Дали во овој момент ќе ги задржиме ресорите или не, тоа ќе биде предмет и договор на коалицијата, рече Димитриевски.

Според него, за ЗНАМ е поважно како опција нова на политичкиот простор, којашто созрева, да има контиунуиирано политики што се во интерес на граѓаните и на државата.

-Во однос на тоа дали изборите ќе бидат следната година, или пак редовни, ние сме подготвени активно да учествуваме бидејќи тоа е контрола за нас како нов политички субјект како се движиме на политичкиот простор и колку ние тоа имаме реализирано од тоа што го имаме ветувано пред граѓаните – рече Димитриевски.

Премиерот Христијан Мицкоски минатата недела изјави дека привршува внатрепартиската реорганизација и очекува во јуни да се работи на усогласувањето на ставовите за тоа како ќе изгледа Владата во иднина. Вели дека ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со свој став, но дека сака да ги слушне и позициите на другите коалициски партнери. Тој не ја исклучува можноста за приклучување и на други партии во владината коалиција.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1