Connect with us

Свет

Рекорден број затвореници во Швајцарија, затворите исполнети 97 проценти

Бројот на затвореници во швајцарските затвори заклучно со 31 јануари 2026 година изнесувал 7.119 лица, што е највисока бројка откако се води статистика, се наведува во извештајот на Федерален завод за статистика (ФСО), објавен денеска.

Високиот број затвореници довел до национална стапка на исполнетост на казнено-поправните установи од 97 проценти, пренесе „Свис инфо“.

Од вкупно 7.119 затвореници, 63 проценти издржувале затворска казна или мерка изречена од суд, 31 процент биле во притвор или задржани од безбедносни причини, додека шест проценти биле затворени од други причини.

Резултатите се засноваат на Статистиката за кривични пресуди и Статистиката за затвори, кои денеска ги објави ФСО.

Бројот на кратки безусловни затворски казни паднал на историски најниско ниво од 2.937 случаи, додека бројот на условни парични казни, кои се најчеста санкција, достигнал 78.693 случаи.

Бројот на упатувања до државните служби останал стабилен минатата година, со 2.272 случаи во кои биле издадени налози за депортација, од кои 94 проценти биле задолжителни.

Повеќе од половината од налозите биле издадени за период подолг од пет години, а 37 проценти се однесувале на лица од некоја земја членка на Европска Унија.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4