Connect with us

Политика

Манасиевски: СДС и Филипче треба повеќе да работат за Македонија, отколку да кодошат во Бугарија

СДС и Филипче треба повеќе да работат за Македонија, отколку да кодошат во Бугарија.

СДС и Филипче со рејтинг од само 4%, знаејќи дека во Македонија никој не ги поддржува, ниту им дава на значење, се свртија да одработуваат за странски држави и странски партии.

СДС и Филипче свесно шират какафонија во медиумскиот простор, бидејќи се загубени и немаат што да понудат на граѓаните, освен лаги, измислици и манипулации.

Затоа, СДС и Филипче велат дека уставните измени се последниот чекор кон ЕУ, додека новиот бугарски премиер Румен Радев, категорично во секој негов настап вели дека по уставните измени, Бугарија ќе има и други барања.

Дека уставните измени се последната пречка за Македонија, веруваат само Венко Филипче и оние лојалистите на Зоран Заев, поставени лично од него во партиските структури на СДС.

Наместо да застанат на вистинската, македонската страна и да ја бранат државата, СДС и Филипче по стапките на Заев, да можат уште еднаш ќе го сменат името за да дојдат на власт и да крадат.

Тоа што Заев го започна, Филипче нема никаков проблем да го заврши.

Овие антидржавни политики на СДС, Заев и Филипче им носат само штета, низок рејтинг рамен на статистичка грешка и исчезнување од политичката сцена.

Ги повикуваме СДС и Филипче, конечно да се вразумат и да застанат во одбрана на македонскиот идентитет, интегритет и достоинство. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 4