Connect with us

Регион

Коњуфца бара Косово да почне преговори за членство во ЕУ

Косовскиот министер за надворешни работи и дијаспора Глаук Коњуфца денеска во Брисел изјави дека Косово бара рамноправен и правичен третман од Европската унија.

– Овој процес подразбира Косово да добие статус на земја кандидат и да почне преговори за членство во ЕУ. Сакаме да имам рамноправен и правичен третман од ЕУ, посочи Коњуфца пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на Унијата со колегите од Западен Балкан.

Тој додаде дека Косово е „подготвено да се движи и напредува во рамките на процес заснован врз заслуги“.

– Тоа што всушност ја поткопува безбедносната архитектура на Западен Балкан, но и на цела Европа, е штетното влијание на Русија во нашиот регион. Затоа сметам дека обединета и проширена ЕУ треба секогаш да се набљудува од перспективата на стратешките потреби, наведе Коњуфца.

Тој се осврна и на дијалогот со Србија, потенцирајќи од Косово секогаш било и ќе биде конструктивно, а дијалогот треба да заврши со меѓусебно признание.

Маркетинг
Ad 3
Ad 2