Connect with us

Култура

Отворена изложбата ,,Откривање и ритам” на Мартин Џепароски во Музеј галеријата во Кавадарци

„Откривање и ритам”, е насловена изложбата на Мартин Џепароски, што синоќа беше отворена во Музеј галеријата во Кавадарци. 

На настанот беше кажано дека Џепароски е мултимедијален уметник чија практика опфаќа скулптура, видео-инсталации и дигитални концепти. Дипломирал вајарство и сценографија на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на проф. Ибрахим Беди. Неговото уметничко истражување е насочено кон односот меѓу човекот, природата и урбаната реалност, испитувајќи ги начините на кои овие димензии се вкрстуваат, коегзистираат и меѓусебно се трансформираат.

– Комбинирајќи традиционални методи со современи техники, тој развива препознатлив визуелен јазик што ја поврзува материјалноста и симболизмот, беше кажано на отворањето на изложбата. 

Пред присутните во музејот, се обрати и авторот на изложбата.

Маркетинг
Ad 4
Ad 2