Connect with us

Регион

Обвинителство: Во Белград има се повеќе малолетни престапници

Бројот на малолетни сторители на кривични дела се зголемува, најбројни се кражби и тешки кражби, изјави за Политика, Наташа Дубак од одделот за малолетници при Вишото јавно обвинителство во Белград.

„Загрижувачки е што бројот на малолетни сторители на кривични дела се зголемува од година во година, како и што оние кои ги извршуваат се сè побрутални“, изјави Дубак.

Меѓу кривичните дела извршени од малолетници, изјави таа, најбројни се кражбите и тешките кражби, по што следува дилање дрога.

„На списокот на кривични дела за кои се покренати постапки во Белград, има тешки телесни повреди, насилно однесување, силување, семејно насилство и киднапирање“, рече Дубак.

Оваа година, нејзиниот оддел покренал постапка против еден осомничен за тешко убиство, против 32 за разбојништво и дури 57 за тешка кражба.

Причините зошто малолетниците извршуваат кривични дела се различни, рече Дубак, и наведе дека најчести се низок степен на самоконтрола, бес, припадност на насилни навивачки групи и врснички групи, чувство на понижување, навреда, како и желба за одмазда.

„Обидите за помирување ретко помагаат, а злосторствата се повторуваат неколкупати“, додаде Дубак.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3