Connect with us

Свет

Франција донесе закон за полесна реституција на имотот ограбен за време на колонизацијата

Франција донесе закон со кој се олеснува враќањето на добра ограбени за време на колонијалниот период, потег што африканските земји го бараат со години и е поздравен од Кина, јавија денеска француските медиуми.

Законот, потпишан од францускиот претседател Емануел Макрон и дозволува на француската влада формално да експроприра дело од јавна сопственост со декрет, без потреба од донесување посебен правен акт за секој поединечен случај, јави BFM TV.

Законот се однесува само на дела стекнати од Франција помеѓу 20 ноември 1815 година и 23 април 1972 година, датумите што го означуваат почетокот на Второто француско царство и стапувањето во сила на конвенцијата на УНЕСКО за пренос на културен имот.

Текстот на законот, одобрен од францускиот парламент во четвртокот, беше поздравен и од Кина, која рече дека му придава „големо значење“ и сака да ја зајакне својата соработка со француската страна по ова прашање. Голем број предмети биле ограбени од француско-британската војска во 1860 година од поранешната Летна палата во Пекинг, според БФМ.

Шефот на француската држава започна турнеја низ Африка и денеска треба да ја посети Кенија. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 2