Connect with us

Свет

САД: Отстранети 13,5 кг збогатен ураниум од Венецуела

Министерството за енергетика на САД објави дека, од истражувачи реактор во Каракас се отстранети 13,5 килограми високо збогатен ураниум.

Операцијата, според соопштението, е спроведена со соработка на САД со Велика Британија и Венецуела и е опишана како „победа за светот“, додека материјалот е префрлен во објектот на Министерството за енергетика на САД во Јужна Каролина, објави Гардијан.

Националната администрација за нуклеарна безбедност на САД соопшти дека операцијата е спроведена безбедно и под надзор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), која потврди дека материјалот е транспортиран по копно и море во сложена логистичка операција.

Маркетинг
Ad 3
Ad 2