Connect with us

Свет

Трамп и Лула во Белата куќа разговараа за трговијата и царините

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека тој и бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва разговарале за трговијата и царините за време на денешната средба во Вашингтон.

„Разговаравме конкретно за царините. Средбата помина многу добро. Нашите претставници ќе разработат одредени клучни елементи“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth.

Тој истакна дека ќе има уште средби, „доколку е потребно“.

Лула пристигна во Вашингтон денеска, а беше објавено дека тој и Трамп ќе разговараат и за безбедноста, критичните минерали, како и за билатералните односи.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4