Свет
Отворена истрага во САД за можно инсајдерско тргување со нафта во вредност од 2,6 милијарди долари за време на војната со Иран
Американското Министерство за правда истражува серија сомнително темпирани трансакции на пазарот на нафта што се случиле непосредно пред важните најави на претседателот Доналд Трамп и високите ирански функционери за војната во Иран, објавија синоќа американските медиуми.
Истрагата се однесува на најмалку четири случаи во кои трговците оствариле вкупен профит од повеќе од 2,6 милијарди долари обложувајќи се на пад на цените на нафтата пред тој всушност да се случи, објавија американските Еј-Би-Си Њуз и Ен-Би-Би Њуз, повикувајќи се на извори запознаени со темата.Облозите наводно биле поставени непосредно пред најавите на Трамп или иранските владини претставници.
Комисијата за тргување со фјучерси на стоки (CFTC), федералната агенција одговорна за тргување со стоки, е исто така вклучена во истрагата.
Според Еј-Би-Си Њуз, трговците инвестирале повеќе од 500 милиони долари во март во пад на цените на нафтата непосредно пред американскиот претседател да објави одложување на заканите за напад врз електричната мрежа на Иран.
Во април следеле уште три такви трансакции, кои сега се под истрага.
На 7 април, трговците наводно се обложиле на 960 милиони долари на пад на цените на нафтата кратко пред Трамп да го објави привремениотр прекин на огнот.
На 17 април, шпекулантите се обложиле на 760 милиони долари на пад на цените на нафтата, 20 минути пред шефот на иранската дипломатија, Абас Аракчи, да го објави повторното отворање на Ормуската Теснина.
Конечно, на 21 април, неидентификувани инвеститори инвестирале 430 милиони долари на пад на цените на нафтата, 15 минути пред Трамп да го објави продолжувањето на прекинот на огнот.
Извор за Ен-Би-Си Њуз изјави дека истрагата е сè уште во рана фаза и дека нема докази за кривично дело.
мај 8, 2026

